Италијанскиот калчо гигант Интер е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на холандскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, Жоржињо Вијналдум. Одличниот играч за врска ги одработува последните шест месеци од актуелниот договор и не открива дали ќе остане на „Енфилд“ или ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок. Поранешниот фудбалер на Феенорд важи за голема желба и на раководните лица на Барселона.