Минатата недела љубителите на УФЦ имаа можност да ја проследат одличната борба помеѓу Конор Мекгрегор и Дастин Поирие, а по завршувањето на истата, на која победи Американецот, двајцата борци го споменаа Нејт Дијаз.

Токму затоа, овој пат, се огласи и самиот Нејт на социјалните мрежи, што укажува дека би сакал да се бори против победникот Дастин.

Пред тоа, тој ги пофали и двајцата, нарекувајќи ги „вистински мајстори на боречките вештини“ или вид што полека изумира во светот на ММА.