Вистината за Манчестер Јунајтед

109

Се што е направено по именувањето на Солскер за менаџер не е ништо друго освен позитивен шок, успешна терапија со која е “оживеан мртовецот”.

Можеби пребрзо “Олд Трафорд” беше пребоен во розова боја, а во моментот кога сите помислија дека се решени сите проблеми, настана можеби најголемиот проблем.

Манчестер Јунајтед во кратката ера на Оле Гунар Солскер со го дозволи тоа што не сакаше да го прифати во ерата на Жозе Мурињо – да се слави резултатот, но да се заборави прикажаната игра. Легендарните ѕвезди на Јунајтед, но фудбалските аналитичари експрено ги голтнаа зборовите со кои ги критикуваа играчите кои според нив намерно го бојкотирале португалскиот стручњак. Само неколку недели подоцна, истите тие фудбалери станаа јунаци, иако одиграа неколку просечно добри натпревари.

Видно ослабената но максимално силна машинерија од Париз тоа најдобро го објасни со триумфот од 2:0 во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони.

Се што е направено по именувањето на Солскер за менаџер не е ништо друго освен позитивен шок, успешна терапија со која е “оживеан мртовецот”. Станува збор за козметички промени кои се продадени како револуционерен пресврт.

Наивно е да поверува дека дури и далеку поискусните стручњаци можат да направат некоја позначајна промена во играта и тоа во најгустиот период од сезоната. Јунајтед немаше некој генијален план, само сакаше нешто повеќе. Играчите кои не сакаа да се борат за “специјалниот”, сега гинат за “убиецот со бебешко лице”. Тоа е главната разлика помеѓу Мурињо и Солскер – Португалецот без проблем ги “навредуваше” играчите, а Норвежанецот ги галеше по глава и им збореше дека се најдобри. Сепак, бегањето од суровата реалност не смее никогаш да биде опција.

Да бидеш непоразен на првите 11 натпревари и да забележиш 10 победи е фантастичен успех. Нема дилема дека е направена подобра работа од таа која ја направи човекот кој е сменет поради лошите игри и лошите резултати. Тука нема место за никаква дискусија.

Ако го побараме најважниот доказ во теоријата дека по ангажманот на Солскер се бега од реалноста, тогаш тоа ќе биде победата над Тотенхем на “Вембли”. Јунајтед забележа минимална победа од 1:0, а Солскер го забележа најдобриот старт во историјата на сите тренери кои биле менаџери на “црвените ѓаволи”. Солскер запиша пет победи во низа.

Овој податок не требаше да биде во прв план затоа што голманот на Јунајтед, Давид де Хеа, на тој натпревар имаше дури 11 интервенции. Исто така се игнорира и фактот дека Тотенхем доминираше во второто полувреме, а фудбалерите на Јунајтед со раце и нозе го чуваа минималното водство. Таквата победа на “црвените ѓаволи” се славеше со денови, исто како што се критикуваше победата на Јунајтед над Јувентус во Торино (2:1), остварена во самиот финиш, а домаќинот можеше да води и со 3:0.

Ваквите споредби не се користат за да се одбрани Мурињо, туку се само потсетник како на “Олд Трафорд” се заменети очилата со кои се гледа реалноста. Ако Мурињо е заслужено критикуван и отпуштен, тогаш апсолутно е неоправдано славењето на Солскер.

Јунајтед имаше сериозни проблеми против Лестер (1:0), Хадерсфилд (3:1), Брајтон (2:1) и против Барнли (2:2). На сите тие натпревари четата на Солскер имаше сериозни проблеми, но таквите детали беа игнорирани од фановите и јавноста.

Се фалеше ефектот на Погба и индивидуалните акции на Рашфорд и Марсија, но такво нешто се случуваше и во ерата на Мурињо. Истиот тој Марсијал за малку ќе го срушеше Челзи на “Стемфорд Бриџ”, но “сините” израмнија на 2:2 во 97 минута. Французинот тогаш постигна два погодока, а Јунајтед за малку ќе го победеше тимот кој не знаеше за пораз во Премиер лигата.

Тој тим на Јунајтед тогаш колку-толку дишеше како една целина и може да послужи како доказ дека играчите кога сакаат играат, а кога не сакаат, тогаш стојат на зелениот терен. Тогаш менаџерот на Челзи, Маурицио Сари беше фален од сите страни, а денеска за истата работа е критикуван од сите страни.

Затоа дуелот против ПСЖ може да послужи како соочување со суровата реалност. Томас Тухел ги немаше на располагање услугите на Неимар, Муниер и на Кавани. Сепак, “светците” и без помошта на големите ѕвезди покажаа дека се класа за “црвените ѓаволи”. Покажа дека е класа за Јунајтед кој имаше скор од 10 победи на последните 11 натпревари. Таквиот ПСЖ го угуши Погба, Марсијал, Рашфорд и Лингард, му направи големи проблеми на Ерик Баили и на Виктор Линделоф.

Факт е дека Јунајтед немаше подобро решение од тоа дека треба да се смени Жозе Мурињо и дека мора да започне нова ера со менаџер кој делува далеку посвежо и далеку поиновативно, но славниот клуб не смее да бега од суровата реалност и дека играчите можат да играат подобро од очекуваното. Тоа е можно, но до овој момент тоа не го покажаа.

Уште појасна слика за капацитетот на “црвените ѓаволи” ќе добиеме во следните седум дена. Четата на Оле Гунар Солскер прво треба да го одигра 1/8 финалниот натпревар од англискиот ФА куп, каде за противник го има тимот на Челзи, а следната недела на програма е првенствениот дерби натпревар против вечниот ривал, тимот на Ливерпул.