Ви(ст)ината е во (уба)вината

62

Една од најголемите тајни која секоја негувана дама ги знае, а во која ретко која сака да поверува е начинот на која ја храни својата убавина – голтка вино за душата, голтка за лицето. Заснована на позитивниот ефект кој состојките од гројзето и виното го имаат врз кожата на лицето на телото, винотерапијата е посебен начин да се уживаат благодатите на напивката на боговите.

Тајната на грозјето ја познавале уште старите Грци и Римјаните. Современиот свет почнува да ја открива дури од неодамна, односно благодарение на феноменот познат како „француски парадокс“.

Воопшто не е за изненадување што негата со грозје била популарна на дворот на францускиот крал Луј Четиринаесетти каде што благородниците и благородничките ги масирале своите лица со сок од грозје за да ги избришат трагите од заморот и да ја направат својата кожа мека, сјајна и затегната.

Векови подоцна, во 1993 година, во истата таа Франција, во винскиот регион Бордо, започнати се истражувања со цел научно да се потврди позитивното дејство на гројзето и виното на здравјето и убавината. Тогаш е откриено и дека семките од грозје содржат материи кои се многу ефикасни во борбата против слободните радикали, најодговорни за стареењето на кожата, и набрзо ќе бидат конципирани првите козметички препарати на база на полифенолите добиени со ладно пресување на семки од грозје.

 

Во винотерапијата се користат сортни вина и нивни екстракти, сокови од грозје, гмечено грозје и остатоци од пресувањето, како и брашно, трици, какои и ладно цедено масло од семки од грозје.

Состојките кои преку грозјето, соковите и виното се внесуваат во телото го намалуваат нивото на холестерол во крвта, ја поттикнуваат работата на срцето и крвотокот, спречуваат прерано стареење на клетките, го јакнат имунолошкиот систем.

Покрај козметичките третмани, винотерапијата нужно е да се надополни со уживање во избрани вина и сокови од грозје како и во храна подготвена со вино, грозје и масло од семки од грозје.