Висла Плок му покажа заби на Нант

100

Ракометарите на полскиот вицешампион Висла Плок, успеаја да одиграат нерешени 32:32 (14:18) против францускиот гигант Нант, во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Иако полскиот тим важеше за аутсајдер, а долго беше и во негатива, на крајот можеше многу лесно и да победи.

Валеро Ривера беше најдобар играч на теренот со девет гола, додека кај Висла се истакна Тед Лучин со шест и Русинот Житников со пет гола.

Екипата на Кил го декласира Динамо среде Букурешт со 28:41, во пеколната атмосфера во романската престолнина. Одличните навивачи не успеаја да му бидат од помош на својот тим, бидејќи Германците демонстрираа сила и практично веќе се четвртфиналисти. На овој натпревар со по шест погодоци во тмот на Кил се истакнаа Јохансон и Зарабец, а Кудуз и Кашпарек беа најдобри во составот на Динамо.

Веспрем полесно од очекуваното го доби унгарското дерби со ПИК Сегед, совладувајќи го со 23:36, со што зачекори кон осумте најдобри во европската елита. Со фуриозен прв дел во кој примија само седум погодоци, момците на Момир Илиќ направија разлика која беше недостижна за ривалот во вториот дел од мечот.

 

 

 

Најдобрата тенисерка на светот, Ига Швјонтек е приморана да се повлече од