Полскиот ракометен вицешампион Висла Плок, успеа во намерата во своите редови да го ангажира хрватскиот интернационалец Тин Лучин, кој потпиша четиригодишен договор со клубот. Челниците на полскиот вицешампион за во своите редови да го донесат хрватскиот репрезентативец му платија отштета на шпанскиот Адемар Леон, се шпекулира со сума од 100.000 евра.

Мласиот хрватски среден бек значително напредуваше под палката на Маноло Кадењас во Адемар Леон, зад себе има одлична сезона во која заврши како втор стрелец во клубот со 135 голови. Лучин во Адемар Леон стигна во 2019 година, а една од најдобрите партии во дресот на шпанскиот тим го одигра токму против Висла во Лигата на Европа кога постигна 11 гола.

Тренерот Чави Сабате, го доби саканото засилување, а клубот претходно ги продолжи и договорите со Крајевски и Миндехио на три години. Во новата сезона во тимот од Полска ќе играат и Русите Косоротов и Житников, како и голманот Ахмед Ахметашевиќ.