Полскиот ракометен вицешампион, тимот на Висла Плок, приреди изненадување во Франција и за првпат во клупската историја ќе игра четвртфинале во Лигата на шампионите. По изведувањето на пеналите ракометарите на Висла го совладаа Нант и заслужено патуваат меѓу осумте најдобри во елитата, откако во регуларбиот дел мечот заврши 25:25, претходно полјаците на домашен терен исто така одиграа нерешено (32:32) Полските ракометари во четвртфиналето ќе се сретнат со германскиот гигант Магдебург.

Динамо Букурешт на гости го победи Кил од 31:32  и се збогуваше од годинашното издание на Лигата на шампионите, бидејќи во првиот меч германскиот тим забележа убедлива победа на гости во Романија