Ракометниот репрезентативец на Шпанаија и специјалист за одбрана  Виран Морос (37) по три години го напушта ПСЖ. Сè уште нема информација каде ќе ја продолжи кариерата и за кој клуб ќе игра следната сезона. Виран Морос има исклучително богата кариера во минатот играјќи за најдобрите клубови во Шпанија и репрезентацијата.

Освен за ПСЖ, Морос играше и за Барселона, Сиудад Реал и Адемар Леон. 11 пати бил шампион на Шпанија и трипати по ред шампион на Франција со ПСЖ. На последниот Ф4 во Лигата на шампионите го освои третото место со францускиот тим. Исто така во дресот на репрезентацијата на Шпанија, Морос има освоено златен медал на Светското првенство во 2013 година и две бронзи.