Вино од капинки – еликсир за здраво срце и виталност

296

Виното од капинки се користи како природен лек за лечење многу болести. Се покажало добро во борбата против холестеролот и дава идеална заштита за срце и крвни садови.

Овој вкусен и лековит пијалак можете да го приготвите и сами.

Бидејќи го зголемува лачењето на естрагон и содржи високо количество манган, виното од капини е одличен сојузник во превенцијата на настанокот на остеопороза, особено кај лица над 50 годишна возраст, бидејќи ги јакне коските и спречува кршење, а помага и во заздравувањето по фрактури. Вистински еликсир за здравјето кој гарантира виталност и придонесува за подобрување на општата состојба на човековото здравје.

Во зависност од количеството вино што сакате да го направите, се одредува и количеството капинки што ќе го употребите.

На 10 килограми капинки се употребуваат 2 килограми шеќер. Свежите капинки се ставаат во буре или во поголем сад кој е претходно исчистен и убаво се гмечат за да пуштат сок додека да се направи кашеста маса.

Во таа маса се додава шеќер и се меша за целосно да се соедини. Потоа, виното од капинки се сипува во исчистени стаклени шишиња, при што треба да се внимава да не се затворат целосно, за виното при вриењето да не искипе.

Овие шишиња треба да отстојат на сонце 60 дена, а потоа може да се процедат. Шишињата се затвораат со тапи и се чуваат на студено место.