Винисиус побара 10 мил. евра

73

Шпанските медиуми открија дека клупските челници на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М), имаат сериозен проблем со бразилскиот интернационалец Винисиус Жуниор.

Пред неколку недели, крилниот напаѓач бил информиран дека клубот сака да потпише нов договор со него, но поранешниот фудбалер на Фламенго веднаш ги информирал раководните лица дека нивната желба може да стане реалност само доколку новиот договор му гарантира годишна заработувачка од 10 мил. евра. Таквото барање на Винисиус експрено било одбиено од челниците на Реал (М).