Вингс во средниот ред

30

Младиот играч за врска од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Хари Вингс, е најновата желба на лидерот во шпанската Примера дивизион, тимот на Атлетико (М). Предводникот на популарните „јорганџии“, Диего Симеоне, е убеден дека Вингс може да биде идеално решение за средниот ред, а неговата желба ќе стане реалност ова лето само доколку официјалната понуда за фудбалерот на Тотенхем не биде помала од 20 мил. фунти.