Вимблдон им исплати парична награда на 620 тенисери

136

Организаторите на грен селем турнирот Вимблдон соопштија дека ќе исплатат парична награда за 620 тенисери и покрај тоа што овој турнир не се одигра поради пандемијата со коронавирусот.

Вкупниот наградена фонд на Вимблдон е 12,5 милиони долари. По консултација со осигурувањето, одлучено е на 256 тенисери кои би играле на главниот турнир да им се испалти по 31.000 долари, додека на 224 играчи кои би настапувале во квалификациите да им се исплати по 15.600 долари.

За 120 играчи кои би играле во двојки наградата би била 7.800 долари, а за 20 играчи во поединечна конкуренција по 7.500 долари.

-Веднаш по откажувањето на Вимблдон, го насочивме вниманието на тоа како можеме да помогнеме на оние кои овозможуваат турнирот да се одржи. Знаеме дека овие месеци на несигурност беа грижа за сите нас. Многумина играчи имаа финансиски тешкотии, а тие сосема очекуваа да заработат награда на Вимблдон, на основа на своите тренинзи, изјави директорот на турнирот Ричард Луис.

Турнирот во Лондон беше откажан првпат по 1945 година.

-Мило ни е што нашата полиса на осигурување ни овозможи да го препознаеме влијанието на откажување на турнирот на играчите и што сме во ситуација сега да ги понудиме овие износи како награда за напорната работа која ја вложија тенисерите во градењето на својот ранкинг до точката кога би избориле учество на овогодишниот турнир, заврши Луис.

 

Сменет начинот на поставување носители во Лондон

Систем за поставување носители на Вимблдон станува минато. Од наредната година грен слемот во Лондон ќе го прифати начинот на кој што сите останати големи турнири го прават.

Од 2002 година, носителите во пресрет на турнирот беа поставени според нивните резултати на трева во последните 24 месеци. Тоа им одеше во прилог на тенисери како Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ, но не и на Рафаел Надал, кој е познат по својата доминација на земјена подлога.

Овој метод не беше прифатлив за играчите уште од денот на неговото поставување. Конечно, по долги години дебата, тоа ќе се промени и ќе им овозможи на тенисерите и тенисерките да добиваат соодветна ждрепка според настапите на сите подлоги.