Вилок е неискусен, сексот беше досаден до гроб

92

Талентираниот фудбалер на Арсенал, Џо Вилок, минал незаборавна ноќ со сексапилната манекенка Еглантина Флора Агилар, која ги откри деталите за нивата дружба.

Вилок важи за ѕвезда во подем, а неодамна се прослави со головите против Блекпул во ФА Купот. Исто така перспективниот играч од средниот ред е и потенцијален англиски репрезентативец. Како и секој тинејџер, така и Вилок не може да им одолее на пороците и згодните девојки, па затоа минал луда ноќ со поранешната девојка на Ешли Кол.

  • Изгледаше многу незрел и со желба да ме импресионира, глумејќи еден од големите момци. Една минута ми пишуваше пораки на Инстаграм, следната купуваше карти за Лондон. Неговиот разговор беше премногу досаден, веројатно зошто е премногу млад. Сексот исто така ни беше чуден. Сакаше да испроба различни пози, но морам да признаам дека не уживав, откри сексапилната Агилар.

Познатата француска манекенка постојано е поврзувана со познатите фудбалери, а своевремено нејзини жртви беа и Томоти Фосу Менсах, кој наводно и нудел секс во тројка, контроверзниот фудбалер Марио Балотели, како и Маруан Фелаини.