Вилијан ќе остане во Премиер

76

Англиските медиуми немаат никаква дилема и се убедени дека бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Вилијан, сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Офанзивниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а преговорите за продолжување на соработката не вродија со плод. Бразилецот сака да остане во Премиер лигата, а најголем интерес за неговите услуги покажаа челниците на Тотенхем и на Манчестер Јунајтед.