Една од најмоќните екипи во Формула 1, тимот Вилијамс, испрати дел од своите вработени на принуден одмор, а на пилотите и високите функционери им ги скрати платите поради кризата предизвикана од корона вирусот.

Тимот на Вилијамс преку соопштение наведе дека „мал број вработени“ се на принуден одмор до крајот на мај, „како дел од пошироките мерки за намалување на трошоците“. Слични чекори беа преземени минатата недела од тимот на Мекларен.

Возачите на Вилијамс, Џорџ Расел и Николас Латифи, како и високи менаџменти во управувањето со тимот, ќе добијат намалување на платите од 20 проценти од 1 април.

  • Одлуките не се лесни за донесување, но целта е да ги заштитиме работните места на нашите вработени и да обезбедиме тие да се вратат на полна пареа кога ситуацијата ќе го дозволи тоа, се вели во соопштението на Вилијамс.

Сезоната во Формула 1 требаше да започне на 15 март со трката за Големата награда на Австралија, но стартот е одложен поради пандемијата на коронавирусот кој досега зема многу жртви.

Челниците во Формула 1 се надеваат дека сезоната со помалку трки би можела да започне во текот на летото.