Популарната македонска пејачка Вики Среброва, но и поранешната авторка и водителка на тв-ток шоуто “Викивизија“(кој според нас би требало веднаш да си го врати на малите екрани), објави деновиве една стара но на сите нас драга фотографија. А, на фотографијата….Павле од “Октетот Куманово“(и, Уредникот на екств-емисијата “Дом и дизајн“) и славната Есма Реџепова во традиционалната ромска носиа.

Како што објасни пејачката (која инаку ја гледаме редовно во “Мерак меана“), дружењето било пред скоро дваесет и неколку години после хуманитарниот концерт по кој Есма Реџепова беше на секаде препознатлива. Но и не само Есма, туку еве и овие кои тогаш и се придружиле во акцијата за помош на настраданите од граѓанската војна која тогаш ја зафати поранешната Југославија. Денес по толку години, Вики е и понатаму успешна на естрадата, Есма за жал прерано почина, а Павле официјално се повлече од настапите….. Д.М.