Викендов санкционирани 180 возачи од Куманово

20

Кумановската полиција за време на викендот санкционирала вкупно 180 возачи кои не ги почитувале правилата и прописите, соопшти денеска СВР Куманово.

Од нив, како што информираат од МВР, најмногу казни 151 биле изречени за возачи кои возеле со брзина поголема од пропишаната. При контролите, биле утврдено дека 12 возачи управувале возило без возачка дозвола, 15 возачи возеле под дејство на алкохол, двајца имале нерегистрирани возила.

Од СВР Куманово додаваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови. Полицијата апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заеднички да се придонесе за посигурни патишта.