Викендов нема автобуси до Водно, нема да работи ниту жичницата

404

Поради одржување на ридски натпревар во автомобилизам на Водно, во сабота и недела нема да сообраќаат автобусите на линиите 25, 25А и 25Б, соопшти ЈСП Скопје. За време на викендот нема да работи ниту жичницата на Водно.

Во сабота со почеток во 12 часот ќе биде одржан неофицијалниот и официјалниот тренинг на ридската трка, а патеката ќе биде затворена за секаков вид сообраќај од 9 до 17 часот.

В недела од 12 часот ќе се одржи натпреварот (прва и втора трка). Патеката ќе биде затворена за секаков вид сообраќај од 9 па сè до 17 часот на потегот од улица „Тасино чешмиче“ до хотел „Средно Водно“ и обратно.

Патеката е долга 3.500 метри и се наоѓа на патниот правец со старт од кај стар хотел „Водно“ и цел на 3.500 метри кон Средно Водно, која е приспособена за ваков вид на натпревари.