Викендов Министерството за култура обоено со жолта боја

75

 

Непознати сторители викендов ја демолирале зградата на Министерството за култура,истурајки жолта боја на влезот од зградата чиј ресор го предводи Асаф Адеми.

Покрај жолтата боја испипана е и кодното име МКД и други натписи.
– На 12.01.2019 година во 00:35 часот во ЕИК-Скопје, вработен во Министерство за култура, пријавил дека од страна на непознати лица била истурена боја на влезната врата и фасадата од зградата на Министерството за култура. Се преземаат мерки расчистување на настанот, велат од МВР.

Фотографијата од офарбаното министерство се најде и на фејсбук страната на “Млади за Македонија” кои протестираа против промена на името .
” Денес не умре Македонија, денес се роди црвено-жолтиот отпор на македонскиот народ!
Министерството за Култура офарбано во македонските национални бои! Ова е знак дека борбата на македонскиот народ не е завршена, туку борбата сега почнува-пишува во постот.