„Вие во бели мантили, ние во црни кошули“: Протест за малата Јана во Битола/ВИДЕО

115

Под мотото „Правда за Јана – Сите сме Јана“ на плоштадот „Магнолија“ во Битола во тек е протестот за смртта на шестгодишната Јана Христовска која минатата недела почина во болницата во Битола по примена инфузија.

Протестот е организиран од родителите и кумот на прерано починатото девојче, а во меѓувреме се чека обдукцискиот извештај кој треба да го даде одговорот за причините за смртта кај Јана.

На протестот преовладуваа транспаренти „Вие во бели мантили, ние во црни кошули“, „Партизирано здравство“, „Уште колку здрави деца како Јана треба да умрат?“, итн.