Виетнамската полиција пронашла 320.000 користени кондоми, препакувани за повторна продажба

82

Виетнамската полиција запленила повеќе од 320.000 користени кондоми кои биле наменети за продажба, известија локалните медиуми.

Фотографиите покажаа десетици кеси кои се вкупно тешки 360 килограми, кои биле запленети во еден магацин во текот на акција во јужната провинција Бин Донг, пренесе Би-Би-Си.

Уапсена е и жената за која се верува дека е сопственичка на магацинот.

Кондомите биле перени, повторно обликувани и препакувани пред повторна продажба.

Извор:www.wbtv.com