Виетманец со години правел колекција од порцелански чинии па ги вградил во својата куќа

5851

Виетнамецот Нуиен Ван Труонг, опседнат со традиционални порцелански чинии, и воопшто старини, ги поминал последните 25 години од својот живот украсувајќи и вградувајќи во ѕидовите на својата куќа речиси 10.000 порцелански чинии и урни.

Виетнамецот се вљубил прв пат во порцеланските старински парчиња во далечната 1986 годинам годината откако бил отпуштен од војска и вратен во родното село Киеу Сон, во виетнамската провинција Вин Пук.

Заработувал за живот како столар и добил можност да изработи маса и столови за локалниот колекционер на антиквитети кој прв го запознал со убавината на традиционалните порцелански предмети.

Труонг бил толку импресиониран што одлучил и самиот да стане колекционер и ги прегледал сите виетнамски провинции на северот во потрага по традиционални порцелански парчиња, вложувајки ги своите заработени пари во „колекции“ порцелански чинивчиња, чинии и урни.

Неговата опсесија за порцелан не била лесно прифатена од семејството, бидејќи на тоа ги трошел „последните“ пари, а потоа позајмувал уште од соседите, роднините и пријателите.

Патувал низ земјата, посетувајќи го секое место каде што ќе чуел дека луѓето продаваат порцелански садови и ги носел предметите во својот ранец со недели, понекогаш и со месеци.

Труонг рекол дека се плаши дека неговата колекција ќе биде скршена или украдена ако едноставно ја чува во својот дом. Дури ја земал предвид и сопствената смрт и веројатноста неговото семејство да ги продаде порцеланските предмети, нешто што не би можел да го издржи. За да биде сигурен дека неговата колекција ќе го издржи тестот на времето, одлучил сите свои чинивчиња и урни да ги вгради во својот дом.

Мислев дека тоа е единствениот начин да го прицврстам своето наследство на ѕидовите на мојата куќа, изјавил Труонг.

Така, една вечер, по вечерата, почна да меша малтер и да ги прицврстува порцеланските чинии од својата колекција во ѕидовите на куќата. Потоа преминал на оградата и капијата, а потоа и во внатрешноста на својот дом.

Сега неговата куќа е прекриена со 10.000 порцелански парчиња, а фотографиите и видео запис од неговата куќа и единствениот имот кружат по социјалните мрежи.

www.odditycentral.com