Властите на градот Виена одлучија од 1 октомври да ги заострат епидемиолошките мерки и како прва покраина во Австрија го воведува таканареченото правило „2G“, што овозможува само вакцинирани против ковид и луѓе што ја прележале болеста да имаат пристап до рестораните навечер и големи настани.
Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, најави дека се воведува мерка со која пристапот до ноќна гастрономија или настани со повеќе од 500 луѓе ќе им биде дозволен само на лицата кои имаат доказ за целосна имунизација против коронавирусот или на оние со лекарско уверение за прележан ковид.
Покрај тоа, во Виена, се враќа обврската за носење FFP2 маски со повисока заштита во сите продавници.
Исто така, во сите области каде што беше потребен негативен тест за корона, оттогаш ќе важат само ПЦР тестови, што значи дека антигените тестови нема да бидат прифатени како „билет“, на пример во рестораните.
За вработените во ноќните клубови ќе биде доволен ПЦР тест.
Уредбата стапува во сила на 1 октомври, и првично е ограничена на еден месец.
Лудвиг посочи дека се потребни нови мерки, бидејќи расте бројот на пациенти со ковид во болниците.
Тој посочи дека во земјите со повисоки стапки на вакцинација, како што е Данска, мерките веќе се олабавуваат.