Виена: Зајакнати мерки против кражби на болничка опрема

27

Новиот коронавирус во Австрија доведе до поголем број кражби на медицинска опрема во болниците, како што се заштитни маски и средства за дезинфекција.

Градските власти во Виена воведоа драстични мерки, па дури и се зборува за претреси на персоналот при напуштање на болницата.

Во меѓувреме, заштитните маски се продаваат на Интернет и за 200 евра.

Здружението на виенските болници не сака да изнесува податоци за исчезнувањето болничката опрема, но донесе регулатива за начин на ракување со опрема за заштита на персоналот. Со оваа регулатива е предвидено дека одделите ќе бидат снабдени само со минимални количини во иднина, при што испораките ќе бидат детално документирани, дури и кој ја примил опремата. Главната медицинска сестра мора да обезбеди заштитни маски и друга опрема, како што е случај со препарати за морфиум. Секоја кражба на опрема ќе биде пријавена и ќе има правни последици.

Вработените во виенската болница „Ото Вагнер“ посочуваат дека биле подложени и на претреси, а Здружението на болници посочува дека тоа не е дел од наложените мерки.

ИЗВОР:МИА