Видот Омикрон откриен во Шпанија и Шведска

41

Шпанија и Шведска денеска соопштија дека ги регистрирале првите случаи на зараза со новиот вид на коронавирусот – Омикрон.

Во Шпанија Омикрон е откриен кај патник кој дошол од Јужна Африка, јави весникот „Ел Паис“.

Видот е секвенциониран во болница во Мадрид и пациентот е во добра состојба.

Шпанското Министерство за здравство не го коментирало случајот.

Државната здравствена агенција на Шведска соопшти дека и во оваа скандинавска земја е откриен случај на зараза со Омикрон.

Примерокот е од пред една недела од заразено лице кое исто така дошло од Јужна Африка, соопшти државната агенција.