Првата ѕвезда на Милвоки, Јанис Адетокумбо, изјави дека по пристигнувањето во САД, започнал да размислува за можностите што ги имаат црнците во родната Грција.

  • Првпат видов црнец во добар автомобил во САД. Бев шокиран. Се запрашав што се случува? Тоа остави впечаток кај мене. После ова почнав да размислувам дали мојата земја им дава шанси на луѓето со различна боја на кожа, дури и не само со различна боја на кожа, туку едноставно на оние кои се со потекло од други места? – изјави грчкиот репрезентативец со темна боја на кожата.

Пред два дена, вработен во грчкото Министерство за образование одговори на видео во кое Јанис зборува за расизмот во Грција. Тој напиша расистички коментар и беше отпуштен од работа.