Видов НЛО и знам дека постојат вонземјани

72

Велшкиот интернационалец Герет Бејл е еден од најнеобичните фудбалери во целиот свет. Со години го носеше дресот на Реал (М), но никогаш не се потруди да го научи шпанскиот јазик. Секогаш ги избегнуваше клупските вечери и забавите со тимските колеги, а наместо да тренира, Бејл секогаш играше голф. Во последните неколку месеци кои ги помина на „Сантијаго Бернабеу“, крилниот напаѓач намерно ги нервираше фановите на „кралскиот клуб“ со своето глупирање на клупата за резервни фудбалери или во свечената ложа. На тој начин Велшанецот испраќаше порака до шефот на стручниот штаб, Зинедин Зидан, дека не е задоволн од третманот кој го добива.

Пролетниот дел од актуелната сезона го одработува како позајмен играч во дресот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, а во последниот разговор кој го имаше за јутјуб каналот на Тотенхем откри дека постојат и вонземјани.

  • Јасно ми е дека во денешно време има многу теории, но јас добро знам дека постојат видео клипови и фотографии од НЛО. Тоа го објави американската влада. Тоа не се некакви лажни вести. Исто така, јас сум убеден, и тоа 100% дека постојат вонземјани. Некој ги крие. Можно е дека позади тоа стојат владите на големите земји, но јас ве убедувам, јас ги имам видено, изјави репрезентативецот на Велс.