ВИДЕО/Урнебесна прес-конференција: Српски политичар бараше прашања од празна сала

1432
Фото: Printscreen

На социјалните мрежи кружи видео од Србија на кое политичарот Владимир Орлиќ, претставник на Српската напредна странка, партијата на Александар Вучиќ, држи прес-конференција.

На крајот од конференцијата тој им се обрати на присутните со зборовите: „Повелете доколку имате прашања“, а кога снимателот го прошири кадарот, покажа целосно празна сала, пренесува Н1.

Видеото предизвика потсмев и огромен број коментари од корисниците на социјалните мрежи.

Видеото е објавено со натпис: „Најдобрата прес-конференција во последните 1000 години“.