Шпанската полиција разби група, осомничена за извршени грабежи во домовите и на играчите на Реал Мадрид и на Атлетико Мадрид, во текот на еден месец.

– Групата ја сочнувале тројца Албанци и еден Шпанец. Тие во Шпанија престојувале само 30 дена, ги извршиле грабежите, а потоа заминале за Албанија или некоја друга земја. Групата извршила 14 грабежи во областите Кастилја и Леон, Астуриас и Мадрид, пренесува тиранската телевизја Топ канал, повикувајќи се шпанската полиција.

Според истрагата, меѓу многуте вредни предмети, била и медалот освоен на шампионат на играчот на Атлетико Мадрид, Томас Парти.

Неговиот дом, според медумите, беше ограбен на почетокот на овој месец ,кога во него била само куќната помошничка, а фубалерот бил во Русија поради натпреварот на неговиот тим со Локомотива во Москва.

Неколку дена подоцна „непоканетите гости“ по вторпат се обиделе да влезе во домот на 26-годишниот фудбалер. За среќа овој пат во неговот дом бил роднина на Парти, кој ги избркал крадците. Парти во тоа време бил во карантин со тимот пред мечот со Валјадолид.

Мета на крадците биле и познатите фудбалери Илко, Зидан, Мората, Касемиро и други.

Полицијата запленила многу накит, пари и електронска опрема, како и автомобили користени при извршување на грабежите.