ВИДЕО/ Тој на Хитлеровата Олимпијада настапил како жена

227

Дора Ратјен во 1918 година се родила како машко, но како што открила, била воспитувана како жена. Денес нејзиниот случај се смета за една од најголемите измами во спортот, пишува Винтиџ њуз.

Дора се натпреварувала за Германија во скок во височина. На отвореното првенство на Германија во 1937 година нејзиниот скок од 1, 63 метри бил победнички. Следната година на Европското првенство скокнала 1,67 метри и го поставила светскиот рекорд.

Рекордот го поправила со скок од 1,70 метри. Настапила и на Летните олимписки игри во Берлин, а ја уапсиле на железничка станица во 1938 година под сомнение дека се натпреварувала во женска конкуренција, иако е маж.

Едната верзија е дека Дора била натерана ова да го стори од страна на нацистите, за од германскиот тим да испадне спортистка со еврејско потекло.

Имено, Хитлер Олимпијадата ја доживувал како средство за истакнување на ариевската супериорност над другите луѓе. Но, Афроамериканецот Џеси Овенс малку повеќе му ги замрсил сметките. Освоил дури четири златни медали.

– Секогаш се чудевме зошто е толку срамежлива и никогаш не доаѓа на заедничките туширања. Никогаш не се покажала соблечена. Мислевме дека е само малку чудна. Никој не забележа дека Дора е машко, подоцна открива репрезентативката Гретел Бергман.

Германскиот магазин Шпигел во 2009 година ги објави резултатите од истрагата спроведена меѓу 1938 и 1939 година во врска со Дора Ратјен. Се родила во Ерихсхоф покрај Бремен во работничко семејство. Татко и Хајнрих Ратјен за нејзиното раѓање вели:

-Жената што беше со жена ми на породувањето ме викна и ми кажа: „Хајни, машко е.“ Но по пет минути дојде и ми рече: „Сепак е девојче“, рекој Ратјен.

Кога по девет месеци Дора се разболела, ја прегледал лекар. Заклучил дека тука повеќе не може ништо да се стори. Подоцна во истрагата што ја објави Шпигел, е објавен и лекарскиот наод во кој пишува дека Дора е машко, ама со полов орган со кој не е можен полов однос.

На врвот од пенисот се протегала лузна по целата должина на половиот орган, па во такви случаи бабиците често погрешно го утврдуваат полот на детето, како во случајот со Дора која била одгледувана како девојче.

-Носев фустани и бев одгледувана како женско. Ама кога наполнив 10 години, сфатив дека не сум женско туку машко. Никогаш не ги прашав родителите зошто носам фустани ако сум машко, рекла Дора Ратјен.

Таа одлучила да се занимава со спорт и била успешна во тоа, се додека не се дознало дека е машко.

По судењето, на кое е ослободена оти не станувало збор за свесна измама Дора станала Хајнрих и до крајот на животот работела како келнер во кафулето на неговите родители.