ВИДЕО/ Танцувај со мене, до крајот на љубовта

149

На денешен ден, во 2016 година на 82-годишна возраст умре легендарниот пејач и композитор Леонард Коен.

Неговата смрт предизвика емотивни реакции меѓу политичари, музичари и актери. Коен компонираше некои од песните кои станаа „химни“ во последните децении.

Неколку генерации пееја и танцуваа на музиката на неговите најпознати композиции – „Suzanne” или „So long Marianne”. Првиот албум на Коен ги вклучува токму овие две песни и издаден е во 1967 година. Две години подоцна излегува неговиот втор албум, под влијание на кантри музиката. Таму е вклучено едно од најуспешните негови парчиња „Bird on The Wire”. Многу познати изведувачи како Џо Кокер и Џони Кеш направија кавери на оваа песна.

Пред да ја започне активната музичка кариера, Коен живеел на грчкиот остров Идра, каде објавил стихозбирка и два романи. Тој се преселил во Њујорк во 1966 година, за да се посвети на музиката.

Во 1995 година ја запре својата музичка кариера и стана будистички монах. Го прифати името Џикан, што значи тишина. Следните шест години не издаде албуми.

Коен се врати во музиката и ја направи епската турнеја, која траеше од 2008 година до 2013 година, за време на која изведе 387 песни. На 21 септември Коен издаде нов албум насловен „You Want it Darker”.

Роден е на 21 септември 1934 година во семејство на богатите Евреи во Монтреал.