(ВИДЕО) Страшно: Малечката Љубов пораснала без мајчинска љубов, скриена во станот полн со ѓубре

81

Руската полиција со специјални сили, облечени во наменска униформа, од еден стан во Москва извлекла петгодишно девојче кое не знае ниту да зборува ниту да комуницира, а ѓерданчето му било враснато во вратот.

Станот каде што е пронајдена петгодишната Љубов бил преполн со ѓубре, валкан, а девојчето болно, дехидрирано и речиси „удавено“ во шут.

Мајката на девојчето се појавила неколку дена откако полицијата го одвела девојчето на лекување, а потоа била и уапсена. Девојчето најверојатно откако е родено воопшто не излегло од станот .

Спасувачките служби сведочат дека од станот се ширела неподнослива реа и насекаде имало инсекти. Девојчето било облечено само во стара маица.

Соседите пак, изјавиле дека пред пет години мајката дошла со бебе, но потоа им кажала дека го однела кај бабата. Според нив, мајката оставала впечаток на сосема пристојна жена, а работела како хигиеничарка во соседната зграда.