ВИДЕО: Се урна покрив на сала за хокеј, има и мртви!

95

Покрив на спортска сала за хокеј на мраз се урна во Санкт Петербург. Според првичните информации од руските медиуми, најмалку едно лице го загубило животот, а повеќе се повредени.

На снимката која како молња се рашири низ светските медиуми се гледа како работник кој е задолжен за рушењето на овој објект не успеа да побегне пред конструкцијата на стадионот да се урне.

Спортската сала е една од најголемите од овој тип на светот и беше изградена за потребите на Олимписките игри во 1980 година. Прво беше наменета за хокеј на мраз, но можеше да се користи иза фудбал со капацитет од 20.000 посетители.