ВИДЕО/Прекрасна глетка: Повеќе од 300 делфини во „стампедо“

390

Фасцинантна глетка доаѓа од брегот на јужна Калифорнија, каде се снимени околу 300 делфини кои пливаат во „стампедо“.

Како што пренесува OC Register, делфините се снимени како пливаат со голема брзина и скокаат во океанот во близина на Дана Поинт на југот од Калифорнија, на големо воодушевување на групата луѓе кои пристигнале да ги гледаат овие прекрасни животни.

Не е позната причината поради што пливаат толку брзо, а се претпоставува дека можеби бегаат од поголемите предатори, или се во потрага по храна, но и можеби имаат „состанок“ со друга група делфини.

„Ова е неверојатно“, изјави Дејв, капетанот на родот Whale Watching Safari кој го сними видеото.

Оваа група може да се смета за мала група, бидејќи се забележани и „стада“ од по 10.000 делфини. Инаку, во близина на брегот во јужниот дел на Калифорнија живеат околу 450 илјади делфини.