ВИДЕО: Последните две места за Барса и Баерн (М)

311

Каталонскиот гигант Барселона и германскиот бундеслигаш Баерн (М), се последните два тим кои обезбедија пласман во 1/4 финалната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Шпанскиот преставник ја искористи предноста на домашниот терен и со 3:1 (вкупно 4:2), го победи и го елиминира италијанскиот калчолигаш Наполи.

Уште еден убедлив триумф, но сега од 4:1 (вкупно 7:1), на реванш дуелот против англискиот премиерлигаш Челзи, забележа актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М).

Веќе за неколку дена, во Лисабон, ќе започне историскиот „final eight“ турнир во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Двојки за 1/4 финале: Аталанта – ПСЖ (12.08), РБ Лајпциг – Атлетико М. (13.08), Барселона – Баерн М. (14.08), Манчестер Сити – Лион (15.08).