ВИДЕО: Меси постигнува гол 17 последователни сезони

37

Капитенот на Барселона, Лионел Меси реализира пенал на вечерашниот меч од Ла Лига против Виљареал. Аргентинецот постигна гол 17 последователни сезони во Шпанското фудбалско првенство.

Само тројца играчи успеаја да го постигнат тоа: поранешниот напаѓач на Атлетик (Б) – Агустин Гајнсе (19 сезони по ред), екс-напаѓачот на Реал (М) – Карлос Алонсо, познат како Сантиљана (17) и дефанзивецот на Реал (М) – Серхио Рамос (17).

Барселона го победи Виљареал со 4:0.