Видео/ МВР: Нема пристигнато пријава за орото во Чаир

77

Откако викендов на социјалните мрежи се споделуваше видео, на кое се гледа како за време на полициски час, жители на скопски Чаир играат оро, од МВР за медиумите изјавија дека се превземаат мерки за сите што не ги почитуваат одлуките на Владата.

-Министерството за внатрешни работи превзема мерки за санкционирање на сите лица кои не ги почитуваат одлуките на Владата. До овој момент за конкретниот настан нема пристигнато пријава. Доколку од страна на Секторот за внатрешни работи се утврди дека во конкретната снимка има елементи за прекршување на законот, кон конкретните лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР, пренесува Сител.

Ваљда у Чаир слават дека короната умрел.Ја друго објаснуење немам..

Posted by Kristian Jandrioski on Sunday, May 24, 2020

На социјалните мрежи се појави вчера се појави видео, наводно снимено во скопската населба Чаир, на кое со зурли и тапани жителите играат оро на сред улица.