Откако било спасено од улица ова кутре стана вистинска ѕвезда на друштвените мрежи поради опавчето што му расте од челото, поради што го нарекуваат крзнен еднорог.

Персоналот од центарот за помош ма мапуштени кучиња „Мек д питбул“ ова мило кутре го нарече Нарвал, според видот на кит кој има рог на главата.

Многумина ги интересира дали кутрето мавта со опашката што му е на челото кога се радува, како што прават кучињата со вообичаената опашка. Но, одговорот е – не.

-Опавчето на челото не е поврзано со ништо и нема никаква друга корист од него освен што поради него ова е најубавото куче на светот, пишуваат на нивната Фејсбук страница луѓето од „Мек д питбул“.

Our Narwhal magical unicorn puppy has had so many great people checking in on him this morning. Here is what his normal routine is: being a puppy. BOL!! Love,MacKeeperOfTheUnicorns

Posted by Mac the pitbull on Wednesday, November 13, 2019

Иако Нарвал веќе има многу понуди за вдомување, тој се уште не е спремен за тоа оти ветеринарите сакаат некое време да го набљудуваат да проверат да не настанат компликации поради вишокот опашка.

Извор