Спасувачките екипи со сите сили работат на спасување на луѓето во Турција, а сега им се придружи и тренерот на младинските категории на Хатајспор, Ајдин Гинејдин, кој херојски се фрли на работа.

Гинејдин дојде до една од урнатите згради, и со сите сили се обиде да стигне до фудбалерите кои беа заглавени меѓу рушевините. На едно од видеата сегледа како тој го извлекува заглавениот фудбалер од под урнатините.

Според последните информации, во Турција од земјотресот загинале над 5.000 луѓе.