ВИДЕО/ Кога ќе се потресеш од она што си го направил. Со право
Ретка снимка на Ролинг стоунс. На денешен ден пред 50 години Стоунс ја снимија една од најубавите балади во рок историјата "Wild Horses". Снимањето траело три дена, а ова се реакциите на членовите на бендот кога за првпат ја слушнале својата песна во истото студио каде што ја снимиле и кога сфатиле што направиле. Песната е на нивниот албум "Sticky Fingers" кој излезе во 1971 година. Познатиот магазин Ролинг стоун оваа песна ја рангираше во редот на 500 најдобри песни на сите времиња.