ВИДЕО/Драматични сцени на улиците во Брисел: По средбата меѓу Белгија и Мароко, хулиганите го демолираа градот

227

По мечот на Светското првенство меѓу Мароко и Белгија, на кој Мароканците изненадувачки победија, во центарот на Брисел избија навивачки немири кои предизвикаа хаос.

Навивачите кршеле излози, фрлале запаливи средства и запалиле автомобили, јави АФП, која не ја прецизираше од каде се навивачите.

Полицијата беше принудена да го блокира пристапот до центарот на градот, користејќи водени топови и солзавец за да ги принуди насобраните навивачи да се разотидат.

Некои од насобраните навивачи палеле огнови и кршеле автомобили со цигли. Полицијата тргнала да дејствува кога едно лице се здобило со повреди на лицето, изјави Илсе ван де Кере, портпаролка на бриселската полиција.

Градоначалникот на белгиската престолнина Филип Клосе изјави дека властите прават се што можат ситуацијата да ја стават под контрола.