На денешен ден во 1825. во Виена е роден Јохан Штраус – помладиот, австриски композитор, виолинист и диригент. Тој бил создавач на класичната виенска оперета во која доминирал валцерот. Најважни негови дела се оперетите: „Лилјакот“, „Циганскиот барон“, валцерите „На убавиот син Дунав“ и други. Умрел во Виена, на 3 јуни 1899 година.

Во Париз, пак, во 1838. е роден Жорж Бизе, француски композитор, автор на многу познатата опера „Кармен“, најуспешното дело на францускиот реализам. Компонира околу 50 соло-песни, една симфонија, свита и една увертира. Неговите опери „Иван Грозни“ и „Ловци на бисери“ (како и „Кармен“) се изведуваат на сите големи сцени во светот. Умрел во Бугивал, во близината на Париз, на 3 јуни 1875 година.