ВИДЕО: Азар и Јовиќ дебитираа со пораз

72

Баерн (М) го совлада Реал (М) со 3:1 во судирот меѓу двата тима од пријателскиот „Интернаешнл чемпионс куп“.

Мечот се играше на стадионот „НРГ“ во Хјустон, Тексас и беше неофицијално деби за Еден Азар и Лука Јовиќ за „кралскиот“ клуб.

Освен тоа, прв натпревар во белиот дрес запишаа и Ферлан Менди, Родриго и Такефуса Кубо.

Германскиот шампион забележа победа со головите на Толисо (15), Роберт Левандовски (67) и Серж Гнабри во 70-тата минута. За Реал, Родриго постигна гол во 84 минута.

Баерн на тој начин ја забележа својата прва победа на турнирот по поразот од Арсенал пред неколку дена.

Следниот натпревар за играчите од Минхен е со Милан на 24-ти јули. Реал забележа прв пораз во својот прв натпревар на турнирот, а на 24 јули ќе игра против Арсенал.