Видал пристигна во Милано

48

Фудбалерот на Барселона, Артуро Видал пристигна во Милано. Во следните 24 часа, искусниот играч за врска ќе биде претставен како нов фудбалер на Интер, објави на Твитер новинарот Николо Скира.

Триесет и тригодишниот играч за врска ќе биде подложен на лекарски преглед и ќе потпише двегодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона. Платата на играчот ќе биде шест милиони евра годишно.