Ве фаќа депресија кога летото завршува: Ублажете ги симптомите на сезонско афективното растројство

66

Топлата и сончева сезона многумина ги прави среќни бидејќи сѐ е некако порелаксирано и се прави пауза од обврските, па затоа не е изненадувачки што на крајот на летото се појавува депресивно расположение.

Иако есенските денови се пократки, често дождливи и помрачни, треба да работите на себе, за чувството на тага поради крајот на летото да не трае цела зима.

Психотерапевтот Раги Ченд за Гардијан откри на какви активности може да се посветите во есенската сезона, за таа да биде попозитивна. Прво и основно, важно е да ги препознаете симптомите на тага и да бидете свесни дека, во овој случај, причината е крајот на летото и почетокот на обврските.

“Промената на годишните времиња влијае на многу луѓе, но за оние со сезонско афективно растројство, оваа промена има многу посилен ефект врз расположението и нивото на енергија, што доведува до појава на депресивни симптоми кои имаат значително влијание врз секојдневниот живот. Некои од симптомите се потешкотии со концентрацијата , недостигот на енергија и мотивација и генерално, лошото расположение “, вели Кери МекЛеод, шеф на добротворната организација за ментално здравје на Mind.

Таа нагласи дека не треба да се грижите ако овие чувства се појават само неколку дена по годишниот одмор, но доколку траат повеќе од две недели, тогаш би било добро да побарате медицинска помош.

Важно е да развиете добар ритам на спиење затоа што уморот ве прави пораздразливи, а во таа состојба не можете да размислувате рационално. Покрај тоа, треба да вежбате редовно, да бидете активни и да јадете добра и квалитетна храна. Во ред понекогаш да не излезете на прошетка поради темните облаци, но не дозволувајте пониските температури и мрачното небо да ве затворат во куќата.

Облечете се топло и излезете надвор, прошетка во шума или покрај езеро ќе ви ја врати потребната енергија и ќе го подобри расположението. Исто така, чистиот воздух ќе има позитивно влијание врз вашето здравје и психа. Не сите есенски денови се толку мрачни и дождливи, па искористете го секој сончев зрак штом ви се укаже прилика. Витаминот Д има добар ефект врз телото, без оглед на сезоната, па расположението сигурно ќе ви се подобри.

И на крај, експертите препорачуваат дружење со луѓе. Прифатете ја ситуацијата таква каква што е, не можете да избегате од ниту една сезона. Правете работи што ве прават среќни, а пријателите и пријатното друштво сигурно ќе придонесат за тоа.