Американската атлетичарка Лоло Џонс е позната по тоа што настапуваше на Зимските и Летните олимписки игри и тоа во два различни спорта. На Летните таа се натпревариваше во атлетика, додека на Зимските светот можеше да ја види во боб – санкање. Но, Џонс е позната и по тоа што е девица. Во 2012 година им откри на своите фанови дека до сега не спиела со маж.

  • Претходно барем имав шанси да најдам некого. Се прашував кога е вистинското време да му кажам? Дали би сакал да ме причека за малку подобро да ме запознае или веднаш да му ги кажам како стојат работите. Сексот им помага на спортистите кој е добар за хормоните. Јас сму строга околу оваа ситуација. Ве молам сфатете ме дека ова е тежок пат. Постојат многу девици и сакам да знаат дека ова е најтешката работа која ја имам направено во животот. Да останам девица до пред брак е потешко отколку тренинзите за Олимписките игри, истакна Џонс, која ќе се натпреварува на Олимпијадата во Токио на трката на 100 метри со пречки.