Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација зборуваше за денешното финале против Франција на Светското првенство 2022.
- Францускиот тим не е само Мбапе. Во нивниот ростер има многу, многу опасни играчи. Килијан е млад и сè уште може да се развива како играч. Веќе решив како ќе играме против нив. Останува само уште еден тренинг. Нашата идеја е да му задаваме проблеми на противникот, а ние да бидеме изложени на опасност што помалку, изјави Скалони.
Финалниот натпревар на Мундијалот во Катар ќе се одигра денеска во Лусаил со почеток во 16 часот.
Во малото финале, Хрватска го победи Мароко со 2:1 и го освои бронзениот медал. з