Олимпиското село кое ќе треба да собере над 18.000 спортисти и службени лица и официјално беше отоворено во Токио, на само десет дена пред почетокот на ЛОИ. Свеченото отварање беше во сенка на се поголемата загриженост на локалните жители заради одржување на Игрите во време на пандемија со коронавирус.

Токио на почетокот од неделава влезе во период на четврти период на општа опасност заради пандемијата, а мерките ќе останат на сила до 22 август, многу по завршувањето на Олимписките игри, кои почнуваат на 23 јули и ќе завршат на 8. август.

Селото се протега на 44 хектари во токискиот залив, а изгредени се 21 зграда за спортистите. Делегациите веќе почнаа да пристигнуваат во Токио, а до крајот на неделава би требало да се сместат повеќе од две илјади натпреварувачи.

Веќе се појавија и првите случаи на зараза со коронавирус, што дополнително ја зголеми загриженоста на граѓаните на Токио. Меѓу заразените е и српскиот веслач Милош Васиќ, како и членовите на делегацијата од Уганда и Израел.

Олимпиското село нема да биде како претгодните, бидејќи на сила се остри мерки. Сите жители секогаш мораат да држат дистанца и средбите мора да бидат многу куси, без било каков физички контакт. Носењето маска е задолжително кога ќе се излезе од соба.