Вељаноски: Искрено, сакав да си заминам на понормален начин

86

-10 години сум бил претседател на ова Собрание, ни на крај памет не ми паднало да направам дејствие спротивно на деловникот, законот и собраниските процедури. Јас три мандати бев претседател на Собранието, искрено сакав да си заминам на пофин и понормален начин, а не со ваква случка –рече поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски пред пратениците на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, кои денеска ќе треба да одлучат за одземање на неговиот имунитет.

Вељаноски ги образложи причините зошто се товари за терористичко загрозување на уставниот поредок, поради што Обвинителството побара да биде притворен.