Познатиот кошаркар Двејн Вејд, еден од косопствениците на Јута, одлучи да му помогне на својот син Заир Вејд.

Вејд јуниор потпиша договор со филијалата на „џезерите“ од Солт Лејк Сити Старс од развојната Г-лига, пренесува познатиот новинар Шемс Чаранија.

Заир моменот има 19 години и игра на позицијата бек, а многу американски медиуми веруваат дека ќе има иста кариера како неговиот славен татко.